Марин Ле Пен, лидерката на крајнодесничарскиот Национален фронт, еднакво е воодушевена од Владимир Путин како и на германската канцеларка Ангела Меркел. Вели дека рускиот претседател не дозволува на другите држави да му наметнуваат одлуки.
-Мислам дека на прво место му се интересите на Русија и на Русите, па имајќи го тоа предвид еднакво го ценам како Меркел- вели таа за германски Шпигел. -Многу е зборено на сметка на Русија која со години се демонизира по американски налог. Една од најголемите одлуки на европските држави би требало да биде формирање на сопствено мислење, а не се да се гледа низ американска призма- додава Ле Пен. Таа тоа го споредува со Германија која ги брани сопствените интереси иако политиките на Меркел се на штета на другите. Таа смета дека Германија е економска сила на Европа, но и дека нејзиниот сосед никогаш не био требало да заборави дека Франција е „политичкото срце“ на Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.