Најмалку 45 жртви однесе невремето во северниот и источниот дел на Индија. Невремето проследено со громови и молњи го зафати и Њу Делхи. Најмалку 14 жртви го загубиле животот при пад на дрвја, ѕидови и бандери. Удар на гром во поле уби 13 селани. Според метеоролозите, во регионот најниската температура била 25 степени целзиусови, за три помалку од вообичаената, додека во најтоплио момент во денот биле измерени 42,8 степени целзиусови, два степени повеќе од максималната. се прогнозира дека јужниот брег на Индија во текот на следната недела ќе биде зафатен од силни монсунски дождови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.