Чешкиот тенисер Томас Бердих е првиот четвртфиналист на Ролан Гарос по убедливата победа од 3-0 против американскиот џин Џон Иснер. Бердих ги доби сите три сета со идентични 6-4 и се најде на чекор од реприза на најголемиот успех во Париз, пласманот во полуфинале.
Во 2010 година Чехот се најде во кваретот најдобри на Ролан Гарос, но тогаш загуби од Робин Содерлинг со 2-3 во сетови. Французите останаа без еден адут за титула, а Фернандо Вердаско ги разочара со лесна победа од 3-0 против Ришар Гаске.
Кај дамите прва до одбраното друштво и осумтте најдобри на турнирот се пласираше Ежени Бушар, тенисерка што е во подем и бележеи одлични резултати. Канаѓанката неочекувано лесно со 6-1, 6-2 ја елиминира Анжелик Кербер од Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.