| четврток, 6 декември 2018 |

Синот на Пеле осуден на 33 години во затвор

пеле
Едињо, син на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Бразилецот Пеле, осуден е на 33 години затвор поради „перење“ пари заработени со трговија со дрога.

Голманот на Сантос од деведесетите години уапсен во 2005-та година, кој веќе бил осудуван за трговија со дрога, се движел во друштво со најголемите нарко босови.

Тој на судењето признал дека е наркоман, но ги отфрлил обвиненијата дека некогаш продавал дрога. Сепак, тоа не го спречило судијата да го осуди на 33 годишна робија.

Кога бил уапсен тој работел како тренер на голманите во Сантос. Едињо е трет син од првиот брак на Пеле

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top