Во вечерните и ноќните часови врнежите од дожд ќе се прошират на поголемо подрачје, особено во северните делови, но ќе бидат со послаб интензитет. Ќе дува умерен северен ветер. Дневните максимални температури ќе бидат во Скопје до 23 Целзиусови степени, во источните делови од земјата околу 19 степени, на југот од земјата максималната дневна температура ќе достигне и до 25 степени, а во западните планински предели температурата ќе биде околу 14 Целзиусови степени.
До среда ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Утре претпладне врнежите ќе бидат повеќе застапени во северните делови. Во вторник вечер и во среда ќе има нови врнежи од дожд, особено во јужните делови. Од четврток се очекува стабилизација на временската состојба со потопло време, соопштува Управата за хидрометеоролошки работи
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.