| четврток, 6 декември 2018 |

Победнички гол на Давид Бабунски за Барселона Б (видео)

Давид Бабунски го постигна деби голот за Барселона Б сезонава и тоа во вистинско време во третата минута од судиското продолжение, доволно за триумф на младинскиот тим на Каталонците против Алкоркон со 4-3. Бабунски биеше прецизно по земја за славје на домашната публика.

За сениорскиот репрезентативец на Македонија тоа е прв гол за Барселона Б, тим што го задржа третото место на табелата во втората шпанска лига на едно коло до крајот. Давид влезе во игра во 26. минута и одигра одличен меч. Таа позиција гарантрира настап во баражот за пласман во Првата лига, но Барселона Б не може да игра во елитниот ранг, поради правилата на шпанската федерација кои предвидуваат два тима од ист погон, како што се сениорскиот состав на Барселона и нејзиниот втор тим, Барселона Б, не смеат да настапуваат во ист ранг на натпревари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top