| четврток, 6 декември 2018 |

Детска порака за мир ја расплака водителката (видео)

voditelk

Водителка од украинската телевизија Донбас стана вистинска интернет – ѕвезда, откако снимката со нејзината емотивна одјава се рашири на социјалните мрежи. Водителката била трогната од емотивната порака на деца кои во рамки на училишна
претстава укажале колку војната всушност е бесмислена.
„На луѓето одговорни за насилствата сакаме да им порачаме што побрзо да го запрат овој хаос. Војната е како чума и треба да запре“, рекла една од ученичките во прилогот.
Откако завршил прилогот камерите ја „уловиле“ водителката која не можела да ги задржи солзите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top