-Соопштението на ВМРО ДПМНЕ е обид, пред се наменет за меѓународната јавност, а потоа и за домашната, на еден суптилен и дипломатски начин да се покаже наводниот ,,принципиелен став”, но и да се повика опозицијата да се врати во Собранието на Р. Македонија и сите недоразбирања да се решаваат институционално- смета професорот Јове Кекеновски.
Според него, се работи за типично соопштение за партија која е сигурна во своите ставови која е свесна за својата предност и доминантна позиција, како и за индиректната поддршката од меѓународната заедница.
– Од соопштението јасно може да се види дека ВМРО ДПМНЕ на директен начин укажува дека еден дел од барањата на СДСМ и неговите коалициони партнери се задоволени (прочистен избирачки список и вградени препораки на ОБСЕ и ОДИХР), едни ќе бидат задоволени (засилен мониторинг на локалните избори). Вонредните избори дефинитивно нема да се одржат, а за отворените прашања (барањето за смена на клучните министри) ја повикува опозицијата на институционален начин на дејстување и дијалог во Собранието.
Кекеновски смета дека од владејачката партија ги повикуваат своите опоненти за градење на конструктивна клима и заеднички став за важните стратешни прашања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


