Германскиот гигант Кил ќе го игра седмото финале во Лигата на шампионите, по победата од 29-26 против Веспрем во првото полуфинале во Келн.
Одличната игра во второто полувреме им донесе нов пласман во завршниот меч за титулата на популарните „зебри“. Скандинавската врска Екберг и Палмарсон функционираше беспрекорно, а веројатно играч на мечот беше голманот Паличка. Неговите одбрани без импресивни, буквално ја спушти ролетната на голот на Кил, а со погодоци неговите одбрани ги наградуваа најчесто Палмарсон и Екберг.
Исланѓанецот Палмарсон беше најефикасен со 7 гола, 6 даде Сигурдсон, а Екберг постигна 3, сите од контри во клучните моменти. Кај Веспрем намногу голови даде Илиќ, пет.
Во 18 часот се игра второто полуфинале, каде нашиот Кирил Лазаров ќе ја предводи Барселона во дуелот против Фленсбург. Германскиот претставник во четвртфиналето го елиминира макединскиот првак Вардар, а во истата фаза Кил го исфрли нашиот вицепрвак Металург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


