| четврток, 6 декември 2018 |

Испадна уште една шампионка на Ролан Гарос, Ивановиќ загуби од Сафарова

Ана Ивановиќ е четвртата тенисерка со титула од Ролан Гарос, што испадна во новото издание на турнирот во Париз со 123-годишна традиција. Подобра од неа попладнево беше Луси Сафарова од Чешка и победи со 6-3,6-3.

Таа го израмни најдобриот дострел на Ролан Гарос и по третпат ја мина четвртата рунда на граснлемот во Париз. Во следното коло ќе игра против Светлана Кузнецова, тенисерка што ја освои круната во „градот на светлината“ во 2009 година, само 12 месеци, откако Ана Ивановиќ стана шампионка. Кузнецова ја победи Петра Квитова со 2-1 во сетови.

Ивановиќ беше фаворитка пред дуелот со Сафарова, но со пораз и елиминација им се приклучи на сестрите Вилијамс и на кинеската претсавничка На Ли, во квартетот тенисерки што имаат барем една титула од Ролан Гарос, а нема да ги продолжат натпреварите за триумф на ова издание.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top