| четврток, 6 декември 2018 |

Косово примено како набљудувач во парламентарното Собрание на НАТО

Косово и официјално е применo како набљудувач во Парламентарното Собрание на НАТО. Одлуката е донесена синоќа во Литванија, каде се одржува Пролетната сесија на Парламентарното Собрание на НАТО, јави дописникот на МИА.

Претставникот на Косово, Џавит Халити изјавил дека е многу среќен за донесена одлука во интерес на Косово и неговата определба за членство во Алијасата во иднина.

Задоволство од ваквиот чекор кој го доближува Косово до членството во НАТО изразил и албанскиот претставник Пандели Мајко.

За косовскиот премиер во заминување, Хашим Тачи ова е надежна одлука за Косово.

– Нема поголемо задоволство од тоа да добиеш добра вест за прием на Косово како набљудувач во парламентарното Собрание на НАТО, во мигот кога пијам кафе со моите соборци. Оваа одлука е донесена за време на пролетната сесија во Литванија и таа е
надежна за Косово да оди многу брзо кон интеграцијата во Алијасата. Честики, напишал Тачи на неговиот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top