Според зимската економска прогноза на Европската комисија, македонската економија годинава ќе порасне за 1,5 проценти додека 2014- 2,5 проценти. Невработеноста иако се очекува да опаѓа, процентот останува висок. Проценката на македонскиот БДП за годинава и за догодина според прогнозата на ЕК ќе биде повисок од европскиот кој што се очекува годинава да биде -0,3, а од рецесијата да излезе дури во 2014. Според анализите на 4 годишниот период невработеноста во Македонија се движи од 31,4 проценти во 2011, 31,2 проценти лани, додека за годинава се предвидува пад на 30,7 и 30,0проценти во 2014. Невработеноста во ЕУ и во Еврозоната изнесува 11,1 односно 12,1 посто.
– Додека финансиските услови на пазарот во ЕУ значително се подобрени од минатото лето, економската активност беше разочарувачка во втората половина на 2012 година. Водечките индикатори укажуваат на тоа дека БДП-то на ЕУ сега е на дното и очекуваме економскат активност постепено да се забрзува. Важно е дека расте довербата на инвеститорите, а ние да останеме на курсот на реформи – порача комесарот Оли Рен на претставување на прогнозата.
Европската комисија трипати годишно со двегодишни економски прогнози за земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидати за членство и за други земји-партнери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уште сме на почетокот: Проблемите во економијата ќе продолжат да се продлабочуваат
-
Мерките на владата поразителни: Лелеци во текстилната и кожарската индустрија која вработува 40.000 луѓе
-
Миноски: Стопирањето на изградбата на инфраструктурните проекти доведоа до пад на економската активност
-
Ќе одите на одмор во Грција? Еве какви се цените…


