| четврток, 6 декември 2018 |

Пушачите најподложни на легионерска болест

Легионерската болест преставува тешка форма на пневмонија – воспаление на белите дробови, обично предизвикано од инфекција. Легионерската болест е предизвикана од бактерија, позната како Легионела.

Легионерската болест, иако е инфективно заболување, не може да се пренесе од човек на човек. Наместо тоа, повеќето луѓе со оваа болест ја имаат вдишано бактеријата. Постарите лица, пушачите и луѓето со ослабен имунолошки систем се особено подложни на Легионерска болест.

Бактеријата Легионела, исто така, предизвикува и Понтијачна треска – поблаг облик на заболување, слично на грип. Одделно или заедно, овие две болести понекогаш се нарекуваат Легионелози. Понтијачната треска обично поминува без некој посебен третман. Но, нелекуваната Легионерска болест, може да биде фатална. Иако навременото лекување со
антибиотици обично ја лекува оваа болест, некои луѓе продолжуваат да имаат проблеми дури и по третманот.

Легионерската болест обично се развива од два до 14 дена по изложеност на бактеријата Легионела. Таа често пати започнува со главоболка, болки во мускулите, треска, температура која може да биде 40 степени Целзиусови или повисока.

До вториот или третиот ден, се развиваат и следниве симптоми: кашлица, која може да биде со слуз, а понекогаш и крв, недостаток на воздух, болка во градите, замор, губење на апетитот, гадење, повраќање и дијареа и конфузија или други ментални промени.

Иако Легионерската болест примарно ги зафаќа белите дробиви, таа повремено може да предизвика инфекции и во другите делови од телото, вклучувајќи го и срцето. Бактеријата Легионела Пнеумофила е одговорна за повеќето случаи на Легионерска болест. На отворено, Легионелата се наоѓа во почвата и водата, но таа ретко предизвикува инфекции.

Во затворени простории, оваа бактерија може да се размножува во сите видови системи кои содржат вода – џакузи, климатизери и распрскувачи на водена пареа во маркетите. Иако е можно луѓето да заболат од Легионерска болест од домашните водоводни системи, поголемиот број на епидемии се случуваат во големите згради, можеби затоа што нивните
водоводни системи овозможуваат полесен раст и ширење на оваа бактерија.

Повеќето луѓе се инфицираат кога ги вдишуваат микроскопските водени капки кои содржат бактерии на Легионела. Ова може да биде пареа при туширање, чешми или бањи, или дисперзирани честички на вода од вентилациските системи во големите згради.

Научниците се уште не се сигурни за тоа колку изложеноста на бактеријата е потребно за да се предизвика болест, но некои луѓе се разболуваат по вдишување на контаминирани капки за само неколку минути. И за разлика од многу бактерии, кои се шират во мал радиус, Легионелата е способна да патува низ воздухот дури шест километри.

Не сите кои се изложени на оваа бактерија се разболуваат од Легионерска болест. Оние кај кои постои повисок ризик од развој на ова заболување се: – Пушачи. Пушењето на цигари ги оштетува белите дробови, поради што тие се подложни на
сите видови на белодробни инфекции

– Ослабен имунитет. Луѓето кои имаат ХИВ/СИДА или земаат одредени лекови кои го намалуваат имунитетот почесто се разболуваат од Легионерска болест – Хронична белодробна болест. Луѓето кои имаат емфизем или друга сериозна состојба, како што е дијабетес, бубрежни заболувања или карцином се поподложни на оваа инфекција.

Легионерската болест е слична со другите видови на пневмонија. За да може брзо да се идентификува присуството на бактеријата Легионела, се проверува урината за присуство на антигени на Легионела.

Оваа болест се лекува со антибиотици. Колку порано се започне со терапија, толку е помала можноста за развој на компликации. Понтијачната треска поминува без третман. Појавата на оваа болест може да се спречи со редовно чистење на климатизерите, базените, чешмите, кадите и тушевите. Бидејќи еден од најголемите ризик фактори е пушењето, тоа
треба да се избегнува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top