| четврток, 6 декември 2018 |

Искрени револуционери со апанажа?!

Ина­ет и ку­пу­ва­ње вре­ме. Ва­ка ма­ке­дон­ска­та јав­ност го до­жи­ву­ва дејс­тву­ва­ње­то на опо­зи­ци­ја­та. Еден ме­сец по из­бо­ри­те, СДСМ сѐ уште не ги со­оп­шти след­ни­те че­ко­ри во нив­на­та сти­хиј­на „от­пор­нич­ка“ при­каз­на. Или, се­пак, не е тол­ку сти­хиј­на? Те­о­ри­ја­та на ха­о­сот збо­ру­ва за ба­ра­ње пат низ не­ре­дот ука­жу­вај­ќи де­ка зад т.н. слу­чај­но­сти по­сто­јат одре­де­ни пра­ви­ла на од­не­су­ва­ње, кои, иа­ко изг­ле­да­ат на­луд­ни­ча­во и не­ло­гич­но, ги опре­де­лу­ва­ат цел­та и крај­ни­от про­дукт. Дру­ги ќе ре­чат де­ка та­ка се пре­це­ну­ва ра­ко­водс­тво­то на СДСМ, кое во не­до­стиг на ком­пас, не­про­мис­ле­но вле­гу­ва од ед­на во дру­га аван­ту­ра, без кон­крет­на иде­ја што ќе до­не­се таа. Са­мо крај­на­та цел се гле­да уште од ави­он и е јас­на – вра­ќа­ње на власт, но ка­ко, очиг­лед­но, не зна­ат ни­ту на Би­ха­ќка...

Ко­га не­ма­те иде­ја, ку­пу­ва­те вре­ме за да дој­де­те до не­ка­ков из­лез од си­ту­а­ци­ја­та. Проб­ле­мот е ако са­ми­те сте нај­го­ле­ми­от и единс­твен ви­нов­ник за со­стој­ба­та во ко­ја се на­о­ѓа­те, факт што мно­гу го ус­лож­ну­ва па­тот за из­лез од кон­сте­ла­ци­ја­та. Во овој слу­чај, СДСМ тре­ба пр­во да сфа­ти де­ка е са­ми­от ви­нов­ник, што не е лес­но да се приз­нае, по­тоа да по­ра­бо­ти на се­бе и да се сме­ни за на кра­јот, ко­неч­но, да ја пла­ти це­на­та за гре­шка­та и да про­дол­жи на ви­стин­ски­от пат. Ова е ку­са­та фор­му­ла или ре­цепт за од­вик­ну­ва­ње од за­вис­ност, ка­ква и да е. Проб­ле­мот е што во слу­ча­јот на Би­ха­ќка го има­ме нај­те­шки­от и нај­ре­док слу­чај на оваа по­тре­ба – за­вис­ност од власт. След­ни­от проб­лем е што во ми­на­то­то, исто­ри­ски гле­да­но, се­ко­гаш ко­га ја до­би­ва­ше шан­са­та за пра­кти­ку­ва­ње на оваа ни­хи­ли­стич­ка по­тре­ба, ја до­би­ва­ше без труд (пр­ви­от ман­дат во 1990 го­ди­на е до­би­ен без по­бе­да, а во 1994 го­ди­на ВМРО-ДПМНЕ бој­ко­ти­ра­ше) или пос­тконф­ликт­но, ка­ко 2002 го­ди­на, ко­га на­ро­дот, бу­квал­но, ја каз­ни пар­ти­ја­та на Љуб­чо Ге­ор­ѓи­ев­ски и гла­са­ше „про­тив“. Три­па­ти, или се­ко­гаш, до­би­ва­ше власт без ни­ка­ков на­пор, а во по­но­во вре­ме че­ти­ри­па­ти по ред гу­бе­ше са­мо на пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри, или вкуп­но не­ве­ро­јат­ни осум по­ра­зи во ни­за. Но, и по­крај сѐ, проб­ле­мот не го ло­ци­ра­ше во се­бе, ту­ку во си­стем­ски гре­шки и во исти та­кви бо­жем­ни при­ти­со­ци?! Ви­стин­ски­от, па­то­ло­шки проб­лем е што ток­му СДСМ има ре­а­лен проб­лем со си­сте­мот на др­жа­ва­та, кој, очиг­лед­но, не му од­го­ва­ра. А си­сте­мот е со­се­ма функ­ци­о­на­лен и, бу­квал­но, пре­пи­шан од за­пад­ни­те др­жа­ви кон кои, ба­рем дек­ла­ра­тив­но, тол­ку се стре­ми. При­тоа, не­по­чи­ту­ва­ње­то на тој уста­но­вен си­стем го изра­зу­ва се­којд­нев­но. Ка­ко по­и­на­ку да се об­јас­ни фа­ктот што по­крај си­те тол­ку­ва­ња на си­те мож­ни прав­ни струч­ња­ци во др­жа­ва­та, ме­ѓу нив и еден не­гов член, екс­пра­те­ник и пре­тсе­да­тел на ДИК, кои јав­но ука­жу­ва­ат де­ка СДСМ гре­ши и де­ка ја по­гре­шил адре­са­та на сво­и­те жал­би око­лу ве­ри­фи­ка­ци­ја­та на ман­да­ти­те на пра­те­ни­ци­те, и на­та­му не на­о­ѓа доб­лест да ја приз­нае гре­шка­та?!

И до­де­ка це­ли­от свет ја убе­ду­ва пар­ти­ја­та де­ка неј­зи­на­та туж­ба тре­ба да се упа­ти до Уста­вен суд, иа­ко е не­ос­но­ва­на би­деј­ќи Со­бра­ни­е­то дејс­тву­ва спо­ред сво­и­те над­леж­но­сти, таа се ина­е­ти и твр­ди де­ка си­те дру­ги се во заб­лу­да и не зна­ат што пра­ват. Проб­ле­мот е уште по­го­лем затоа што кра­јот на „проб­ле­мот“ е мно­гу ед­но­ста­вен и се ре­ша­ва со до­а­ѓа­ње на кан­ди­да­ти­те од ли­сти­те во за­ко­но­дав­ни­от дом и со лич­но пот­пи­шу­ва­ње на не­при­фа­ќа­ње­то на ман­да­ти­те. А, би би­ло и ред­но, за­тоа што мно­гу на­род гла­сал за да ги до­би­јат. Но СДСМ не го за­се­га ни­ту по­ра­ка­та на неј­зи­ни­от екс­пре­тсе­да­тел на ДИК, Але­ксан­дар Но­ва­ков­ски, кој му по­ра­ча де­ка ман­да­ти­те се ве­ри­фи­ку­ва­ни спо­ред за­ко­нот…

 

За­гу­бе­ни во не­о­че­ку­ва­ни­от пре­вод

Проб­ле­мот по­втор­но ле­жи во ка­та­стро­фал­но по­греш­ни­те про­це­ни. Исто ка­ко што при пр­ви­от круг на пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри пар­ти­ја­та и членс­тво­то под­лег­наа на вли­ја­ни­е­то на ед­на лаж­на ан­ке­та на аген­ци­ја, ко­ја бе­ше ди­рект­на при­чи­на за пу­ка­ње на ме­у­рот од са­пу­ни­ца и за го­ле­мо­то раз­о­ча­ру­ва­ње, кое ја по­ка­жа ре­ал­на­та сли­ка на те­рен. Сле­ду­ва­ше до­ми­но-ефект, а изо­ста­наа по­са­ку­ва­ни­те ефе­кти. Ду­ри и тем­пи­ра­ње­то на не­га­тив­на­та кам­па­ња пред­во­де­на од ли­де­рот За­ев, поч­на­та еден ден по го­ле­ми­от по­раз, тре­ба­ше да го има це­лос­ни­от ефект ка­ко на­до­вр­зу­ва­ње на „по­бе­да­та“ на Пен­да­ров­ски во пр­во­то од­ме­ру­ва­ње на си­ли­те на 13 април. Ве­те­рот во едра, оче­ку­ван од по­бе­да­та на пре­тсе­да­тел­ски­от кан­ди­дат, се по­ка­жа ка­ко бу­ра со кон­тра­е­фект, а не­га­тив­на­та кам­па­ња го до­би приз­ву­кот на очај­нич­ки крик на по­бе­де­ни­от, кој во уло­га на ра­не­то жи­во­тин­че под­го­тве­но на бор­ба за пре­жи­ву­ва­ње со упо­тре­ба на си­те средс­тва, заз­ву­чи мно­гу не­се­ри­оз­но . Уште ед­на по­греш­на про­це­на, во ни­за­та од мно­гу­те.

След­но­то по­греш­но оче­ку­ва­ње на СДСМ дој­де по 27 април. За­тво­ре­ни во сопс­тве­ни­от „от­пор­нич­ки“ круг на Би­ха­ќка и изо­ли­ра­ни од ре­ал­но­ста, со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те се впу­шти­ја во уште ед­на са­мо­у­бис­тве­на игра, ко­ја тре­ба­ше да ја рас­тре­во­жи и ан­га­жи­ра ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца. Ис­про­ба­на­та фор­му­ла на фе­но­ме­нот на бож­ја­та ра­ка, из­ле­зе це­лос­на гре­шка и по­втор­но ги за­те­че пар­ти­ја­та и ра­ко­водс­тво­то, кое од стран­ци­те до­би са­мо уко­ри. При­ка­ска­та ќе оде­ше во ви­стин­ски­от пра­вец ако нај­деа ма­кар еден ве­ро­до­сто­ен и „саг­лам“ по­ли­ти­чар, кој јав­но ќе го оправ­да­ше нив­ни­от по­тег, но, за жал, та­ков сѐ уште не мо­же да се нај­де. Не­ве­ро­јат­ни­те че­ти­ри бој­ко­ти за са­мо ед­на го­ди­на, очиг­лед­но, ја пре­леаја ча­ша­та и кај ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца. Про­це­ни­те беа ед­но, ре­ак­ци­ја­та со­се­ма дру­го, а Би­ха­ќка оста­на за­гу­бе­на во пре­во­дот, но не тој пре­вод на стран­ски збо­ро­ви, кој тие го оче­ку­ваа.

 

Се тре­се­ше го­ра­та, а се ро­ди глу­шец, а и апа­на­жа…

Се тре­се­ше го­ра­та, а се ро­ди глу­шец, мо­же­би ова би бил нај­до­бри­от опис на ре­зул­та­тот на но­ви­от бој­кот на СДСМ. За­те­че­ни во сопс­тве­на­та при­ка­ска, се­га по­втор­но го об­ви­ну­ва­ат си­сте­мот и од не­мај­ка­де ку­пу­ва­ат вре­ме. Ра­ко­водс­тво­то, кое на кон­гре­сот пре­жи­веа са­мо по­ра­ди фа­ктот што нив­на­та сме­на ќе бе­ше ди­рект­но приз­на­ние на пар­ти­ја­та за ви­стин­ски­те при­чи­ни за по­ра­зот ло­ци­ра­ни во ка­та­стро­фал­ни­те по­те­зи, про­гра­ма и кам­па­ња на са­ма­та пар­ти­ја, се­га за­те­че­но од се­ри­ја­та ло­ши про­це­ни, ко­ве но­ви лу­цид­ни пла­но­ви од де­нес за утре. Вле­гоа во игра од ко­ја не­ма пов­ле­ку­ва­ње – чин што би зна­чел де­фи­ни­тив­но бри­ше­ње од по­ли­тич­ка­та сце­на на не­кол­ку ли­ко­ви од вр­вот на пар­ти­ја­та.

Нај­но­ва­та си­ту­а­ци­ја во пар­ти­ја­та по­втор­но не оди в при­лог на нив­ни­от „ре­во­лу­ци­о­не­рен“ филм и на сли­ка­та за фи­ктив­на бор­ба со са­мо­за­мис­ле­ни­от ре­жим и фа­ши­зам во др­жа­ва­та. Проб­ле­мот е очиг­ле­ден и не по­пу­сто СДСМ се кр­сти во но­тар­ски­те из­ја­ви, кои за­кон­ски се не­ва­лид­ни за отка­жу­ва­ње од пра­те­нич­ка функ­ци­ја. Прет­по­ста­вки­те се де­ка го­лем дел од кан­ди­да­ти­те не­ма да ги вра­тат. За­тоа и опо­зи­ци­ја­та не пре­ми­ну­ва на ло­гич­ни­от и за­кон­ски че­кор на ди­рект­но вра­ќа­ње на ман­да­ти­те од кан­ди­да­ти­те во Со­бра­ни­е­то. За не­кол­ку­ми­на ве­ќе е јав­на тај­на де­ка не­ма да го на­пра­ват тоа, ис­чез­наа од јав­но­ста и му­дро че­ка­ат да се по­ја­ват во ви­стин­ско вре­ме. Вто­ра­та гр­да сли­ка ја соз­да­доа нив­ни­те прет­ход­ни­ци. Си­те „от­пор­ни­ци“ и ре­во­лу­ци­о­не­ри, са­мо­на­ре­че­ни бор­ци за сло­бо­да, си по­ба­раа апа­на­жа од пар­ла­мен­тот. Це­ла го­ди­на си­те, освен трој­ца доб­лес­ни, ќе си зе­ма­ат по око­лу ил­ја­да евра, а нив­ни­те нас­лед­ни­ци, кои,очиг­лед­но, не се отка­жу­ва­ат тол­ку лес­но од ман­да­ти­те, тоа ќе го пра­ват нај­мал­ку шест ме­се­ци, а по тоа отсус­тво ќе им се пре­ки­не ман­да­тот, а, мо­же­би, и ќе се по­ја­ват на исте­кот на по­лу­го­ди­е­то?! Мал­ку не­во­о­би­ча­ен стил на дејс­тву­ва­ње на ре­во­лу­ци­о­не­ри, пре­се­дан, кој, ка­ко што се ше­гу­ва­ат по ку­ло­а­ри­те, ќе оста­ви дла­бо­ка тра­га во но­ви­от сте­ре­о­тип за со­вре­ме­ни­от ков на свет­ски­те ре­во­лу­ци­о­не­ри. Ре­во­лу­ци­о­нер со „мрс­на“ апа­на­жа, ова е нај­но­ви­от тип на бор­ци за сло­бо­да.

За „до­те­пу­ва­ње“ на сли­ка­та за ре­во­лу­ци­о­нер­на­та бор­ба, чи­ста и не­пот­тик­на­та од па­ри­те и од удоб­но­ста, при­до­не­се и сли­ка­та на „бор­ци­те“ од исти­от та­бор, но не пар­ти­ја – ту­ку „са­мо“ ко­а­ли­ци­ја, кои во оп­шти­ни­те ка­де што кан­ди­да­ти­те за пра­те­ни­ци до­би­ја ман­дат и ги за­гу­би­ја ме­ста­та, со ра­ши­ре­ни ра­це, ка­ко след­ни на ли­ста­та ги до­че­каа со­вет­нич­ки­те функ­ции. Да оста­не­ло во се­мејс­тво­то, не­ли…

 

Ivanka-Dodovska-analiza2До­дов­ска: СДСМ леб­ди ме­ѓу има­ги­нар­ни­те це­ли и фа­ктич­ка­та ре­ал­ност

Поз­на­ва­чи­те на со­стој­би­те, при­чи­ни­те за очиг­лед­на­та ди­сфунк­ци­о­нал­ност на опо­зи­ци­ја­та ги ло­ци­ра­ат во по­греш­ни­те по­те­зи, но и во исто­ри­ско­то нас­ледс­тво на СДСМ. Кор­ми­ло­то на пар­ти­ја­та е де­зо­ри­ен­ти­ра­но, ве­ли до­цент д-р Иван­ка До­дов­ска од Прав­ни­от фа­кул­тет, а го­ле­ма уло­га има и нас­ле­де­ни­от ген на т.н. цр­ве­на бур­жо­а­зи­ја, кој не­пре­че­но оп­сто­ју­ва во ду­хот на пар­ти­ја­та.

Додовска: Сме­там де­ка за да мо­же­ме да ја кон­ста­ти­ра­ме де­неш­на­ва ди­сфунк­ци­о­нал­ност на Со­ци­јал­де­мо­крат­ски­от со­јуз, пред сѐ мо­ра­ме да се на­вра­ти­ме на нив­ни­те по­стап­ки во те­кот на це­ли­от пре­диз­бо­рен пер­и­од и на пер­и­о­дот за вре­ме на са­ми­от из­бо­рен про­цес во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, оваа го­ди­на. Не­сом­не­но е де­ка си­те пре­зе­ме­ни че­ко­ри од стра­на на СДСМ и пред по­че­то­кот на из­бор­на­та кам­па­ња, во неј­зи­ни­от тек и по неа ука­жу­ва­ат на тоа де­ка ма­ке­дон­ска­та ле­ви­ца се на­о­ѓа ме­ѓу има­ги­нар­ни­те це­ли и фа­ктич­ка­та ре­ал­ност. Овој проб­лем со кој се со­о­чу­ва нај­го­ле­ма­та опо­зи­ци­ска пар­ти­ја и не­мож­но­ста да се со­о­чи со не­го се дол­жи, пред сѐ, на отсус­тво­то на по­ли­тич­ки и на вна­тре­пар­ти­ски ка­па­ци­тет во са­мо­то ра­ко­водс­тво на пар­ти­ја­та. От­та­му, заг­ла­ве­ни во сопс­тве­ни­от кон­зер­ви­ран ха­би­тус, без ре­а­лен кон­такт со ре­ал­но­ста, дла­бо­ко се вко­паа во хам­ле­тов­ски­от зап­лет „Да се би­де или да не се би­де“, и во кон­ти­ну­и­тет пре­зе­ма­ат ри­зич­ни че­ко­ри ка­ко али­би со кое, ве­ро­јат­но, се оби­ду­ва­ат да ку­пат мал­ку вре­ме за да соз­да­дат из­ве­сен вре­мен­ски ва­ку­ум ме­ѓу тоа што го имаа ка­ко кон­цепт пред еден ме­сец и тоа што, ве­ро­јат­но, ќе го на­пра­ват до на­ред­ни­от. Во си­ту­а­ци­ја ко­га ви­сти­на­та е на стра­на­та на ар­гу­мен­ти­те и ко­га при­чи­на­та за из­бор­ни­от по­раз е на неј­зи­на­та сопс­тве­на адре­са, СДСМ со ни­за­та по­те­зи по­ка­жа де­ка кор­ми­ло­то на пар­ти­ја­та е по­ли­тич­ки де­зо­ри­ен­ти­ра­но и де­ка ва­ка ка­ко што е по­ста­ве­но во мо­мен­тов, не­ма по­ли­тич­ка зре­лост со ко­ја би мо­же­ло да се кре­не и да на­пра­ви по­ли­тич­ки пре­сврт во на­ша­та др­жа­ва по де­мо­крат­ски пат.

 

Спо­ред До­дов­ска, при­чи­ни­те што до­ве­доа до оваа со­стој­ба во ре­до­ви­те на Со­ци­јал­де­мо­крат­ски­от со­јуз се раз­лич­ни и оп­фа­ќа­ат, на­ви­сти­на, ши­рок спе­ктар на по­ка­за­те­ли. Пр­во, ве­ли таа, се­гаш­ни­те со­ци­јал­де­мо­кра­ти ја пла­ќа­ат сме­тка­та на сво­и­те прет­ход­ни ра­ко­водс­тва, на че­ло со Бран­ко Цр­вен­ков­ски, кои си­сте­мат­ски ја из­гра­ди­ја не­до­вер­ба­та и стра­вот дла­бо­ко вко­па­ни во све­ста и во сфа­ќа­ње­то кај ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни во 90-ти­те го­ди­ни од ми­на­ти­от век со огром­ни­от број ло­ши про­це­ни, ка­ко и не­на­род­на по­ли­ти­ка, ко­ја не­ко­гаш нај­моќ­на­та по­ли­тич­ка пар­ти­ја во плу­рал­на Ма­ке­до­ни­ја ја спро­ве­ду­ва­ше во си­те свои вла­де­јач­ки гар­ни­ту­ри.

Додовска: Во си­ту­а­ци­ја ко­га ле­ви­ца­та тре­ба­ше да направи ре­форм­ски про­ме­ни, таа се од­не­су­ва ка­ко ве­тва кон­зер­ва­тив­на цр­ве­на бур­жо­а­зи­ја, ко­ја се гри­жи са­мо за тес­ни­от круг на оли­гар­си, во чи­и­што рам­ки се рас­крч­ми ре­чи­си це­ли­от др­жа­вен ка­пи­тал што, де фа­кто, прет­ста­ву­ва­ше сопс­тве­ност на на­ро­дот. Овие че­ко­ри на со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те оста­ви­ја ил­јад­ни­ци лу­ѓе на ули­ца, по што овие гра­ѓа­ни, кои се во огро­мен број, за­се­ко­гаш ја за­гу­би­ја до­вер­ба­та во ма­ке­дон­ска­та ле­ви­ца, при што и до де­нес ја до­жи­ву­ва­ат ка­ко по­ли­тич­ка оп­ци­ја на „из­бра­ни­те“ и де­ка пре­ку неј­зи­на­та по­ли­ти­ка са­ми­от ма­ке­дон­ски гра­ѓа­нин не­ма ни­ка­ква за­шти­та, прос­пе­ри­тет или ка­кви би­ло ед­на­кви шан­си во ма­ке­дон­ско­то оп­штес­тво. По­на­та­му, ка­ко по­твр­да на ло­ши­те про­це­ни и по­ли­ти­ка на СДСМ се и круп­ни­те од­лу­ки што де­нес го из­ме­ни­ја и ли­кот на тоа што тре­ба­ше да прет­ста­ву­ва ма­ке­дон­ска на­ци­о­нал­на др­жа­ва. Ту­ка ги наг­ла­су­вам мно­гу­те ил­ја­ди из­да­де­ни но­ви др­жав­јанс­тва, за­о­кру­же­ни во по­ли­тич­ка смис­ла со но­ва­та те­ри­то­ри­јал­на ор­га­ни­за­ци­ја на ло­кал­на­та са­мо­у­пра­ва во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја од 2004 го­ди­на. На ова, са­мо да си спо­ме­не­ме на са­мо­вол­но­то и це­лос­но по­греш­но тол­ку­ва­ње при про­ме­на­та на на­ци­о­нал­ни­те сим­бо­ли, ка­ко и на лес­но­то отка­жу­ва­ње од ма­ке­дон­ско­то на­ци­о­нал­но мал­цинс­тво во со­сед­ни­те др­жа­ви. Па­зар што СДСМ го пра­ве­ше без кон­сул­та­ци­ја со сопс­тве­ни­от на­род и без дла­бо­ко да про­мис­ли да­ли е со­од­ве­тен со ус­ло­ви­те и за по­ну­да­та, кои ги до­ста­ву­ваа над­во­реш­ни­те фа­кто­ри. За­бе­ле­жа­но е и де­ка во ман­да­ти­те на вла­ди­те на СДСМ има­ше атен­тат на пр­ви­от пре­тсе­да­тел на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја и тра­гич­но­то за­ги­ну­ва­ње на вто­ри­от пре­тсе­да­тел на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

 

Врв на пи­ра­ми­да­та од при­чи­ни по­ра­ди кои се слу­чу­ва тоа што се слу­чу­ва де­нес во Со­ци­јал­де­мо­крат­ски­от со­јуз, за До­дов­ска е не­по­бит­ни­от факт де­ка СДСМ, во су­шти­на, ни­ко­гаш во исто­ри­ја­та и не до­бил из­бо­ри по ре­гу­ла­рен пат.

Додовска: Поч­ну­вај­ќи од 1992 го­ди­на, ко­га по па­ѓа­ње­то на екс­перт­ска­та вла­да СДСМ дој­де на че­ло на вла­да­та, иа­ко, во су­шти­на, не по­бе­ди на пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри во 1990 го­ди­на. Во 1994 го­ди­на по­бе­ди на из­бо­ри без по­ли­тич­ки про­тив­ник и со огро­мен број не­ре­гу­лар­но­сти, кои ја над­ми­ну­ваа се­ко­ја ло­гич­на ар­гу­мен­та­ци­ја де­ка би­ле ре­гу­лар­ни и де­мо­крат­ски. Во 2002 го­ди­на вла­ста ја освои по во­е­ни­от конф­ликт од 2001 го­ди­на и по учес­тво­то во ши­ро­ка­та вла­ди­на ко­а­ли­ци­ја, ко­ја ја упо­тре­би за зго­ле­му­ва­ње на тен­зи­и­те кај ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни и за де­ле­ги­ти­ми­ра­ње на ле­гал­но из­бра­на­та власт. За­тоа и де­нес ед­на од нај­о­мра­зе­ни­те из­ја­ви на еден по­ли­тич­ки ли­дер е таа на то­гаш­ни­от ли­дер на СДСМ, Цр­вен­ков­ски: „на 15 сеп­тем­ври…“, ко­ја ста­на оли­це­тво­ре­ние на мра­кот и на ужа­сот на по­ве­ќе од еден ми­ли­он гра­ѓа­ни во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја и по­ра­ди ко­ја и до ден-де­нес од стра­на на ма­ке­дон­ски­от еле­кто­рат со не­до­вер­ба се сле­дат си­те „ре­во­лу­ци­о­нер­ни и ре­форм­ски по­ви­ци“ од стра­на­та на СДСМ.

Би­ха­ќка ку­пу­ва вре­ме и соз­да­ва али­би

Кон­цеп­тот на по­ли­тич­ко­то и на пар­ти­ско­то функ­ци­о­ни­ра­ње на СДСМ – по се­ко­ја це­на да се би­де на власт, без при­тоа да не се по­чи­ту­ва­ат де­мо­крат­ски из­бра­ни­те ин­сти­ту­ции пред очи­те на ма­ке­дон­ска­та јав­ност, по­со­чу­ва До­дов­ска, оп­сто­ју­ва ка­ко гла­вен мо­тив и кај де­неш­но­то ра­ко­водс­тво на пар­ти­ја­та.

Додовска: Во ус­ло­ви ко­га из­бо­ри­те, и пре­тсе­да­тел­ски и пар­ла­мен­тар­ни, се гу­бат ка­та­стро­фал­но и ја прет­ста­ву­ва­ат до­се­га нај­го­ле­ма­та раз­ли­ка од 200.000 гла­са, има оби­ди за це­лос­но сус­пен­ди­ра­ње на Уста­вот и на за­ко­ни­те во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, при што по­е­дин­ци се од­не­су­ва­ат ка­ко да тол­ку­ва­ат Устав и из­бор­ни за­ко­ни на не­ко­ја дру­га др­жа­ва. Оби­дот, топ­ка­та ме­сто да би­де на те­ре­нот, ка­де што вла­де­ат ин­сти­ту­ци­и­те и за­ко­ни­те, се пре­фр­ла на по­мош­ни игра­ли­шта на кои сло­бод­но мо­же да се игра­ат нат­пре­ва­ри ка­ко али­би. Со ова би са­ка­ла да ука­жам де­ка Др­жав­на­та из­бор­на ко­ми­си­ја, спо­ред Уста­вот и за­ко­ни­те на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, во це­лост го за­тво­ри из­бор­ни­от про­цес ка­ко за пре­тсе­да­тел та­ка и за Со­бра­ни­е­то на др­жа­ва­та. Со­бра­ни­е­то на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, спо­ред Уста­вот и за­ко­ни­те, се кон­сти­ту­и­ра­ше, ги ве­ри­фи­ку­ва­ше ман­да­ти­те на си­те 123 ре­гу­лар­но из­бра­ни пра­те­ни­ци. От­та­му, оби­дот на СДСМ да отво­ри по­стап­ка и пред Управ­ни­от суд, прет­ста­ву­ва по­тег што со­од­вет­ству­ва са­мо со те­за­та – што по­дол­го да се соз­да­ва али­би и да се ку­пу­ва вре­ме за сре­ду­ва­ње на вна­тре­пар­ти­ски­те по­зи­ции. Впро­чем, тоа се по­твр­ди и на ми­на­то­не­дел­ни­от кон­грес на СДСМ. Овој обид со обра­ќа­ње­то до Управ­ни­от суд, кој зна­ат де­ка е не­над­ле­жен за пра­ша­ње­то за кое му се обра­ќа­ат, е со цел да се соз­да­де има­ги­нар­на прет­ста­ва пред ма­ке­дон­ска­та јав­ност де­ка се бо­рат со ве­тер­ни­ци. Та­ка, прет­по­ста­ву­вам, ќе ја до­че­ка­ат и ре­ак­ци­ја­та од не­кој друг, ве­ро­јат­но над­во­ре­шен фа­ктор, кој са­мо ќе ги по­твр­ди ста­во­ви­те за по­чи­ту­ва­ње на вол­ја­та на гра­ѓа­ни­те изра­зе­на на пос­лед­ни­те пар­ла­мен­тар­ни и пре­тсе­да­тел­ски из­бо­ри и ќе ука­же де­ка единс­тве­ни­от де­мо­крат­ски пат е ра­бо­та­та и актив­но­сти­те во пра­те­нич­ки­те стол­чи­ња. Јас са­мо би наг­ла­си­ла де­ка по­стап­ка­та со ко­ја де­нес се за­ни­ма­ва­ат со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те е пр­вич­но ре­ше­на во Уста­вот на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, а во ин­те­рес на ма­ке­дон­ска­та јав­ност, би упа­ти­ла да се пре­про­чи­та­ат чле­но­ви­те 63 и 65.

 

Analiza90-2

„Очај­ни по­ли­ти­ча­ри“ – СДСМ со сце­на­рио од тур­ска се­ри­ја

Се­кој сле­ден че­кор на опо­зи­ци­ја­та сѐ по­ве­ќе и под­ла­бо­ко ја за­ко­пу­ва нив­на­та оми­ле­на при­ка­ска за „бор­ба“ со ре­жи­мот и со ди­кта­ту­ра­та. Имај­ќи ја пред­вид очиг­лед­на­та без­и­деј­ност во дејс­тву­ва­ње­то, оми­ле­ни­те збо­ро­ви во нив­ни­от во­ка­бу­лар сѐ по­че­сто до­би­ва­ат фор­ма на из­на­си­ле­на ре­пе­ти­ци­ја на фло­ску­ли ка­жа­ни од не­мај­ка­де, нус­по­ја­ва на не­ма­ње из­лез од си­ту­а­ци­ја­та во ко­ја са­ми­те се сме­сти­ја. Ве­ро­јат­но, Би­ха­ќка се пот­пи­ра на фил­мот од ста­ра­та при­ка­ска – де­ка 1.000 па­ти по­вто­ре­на­та ла­га ста­ну­ва ви­сти­на. За нив­на жал, на­ро­дот по­ве­ќе­па­ти по­ка­жа де­ка не­ма ме­мо­ри­ја на злат­на рип­ка, не про­сту­ва лес­но, и нас­про­ти не­чи­и­те на­де­жи и жел­би – ба­ра и по­чи­ту­ва ар­гу­мент за се­кој исказ.

При­ка­ска­та на СДСМ, пак, сѐ по­ве­ќе ли­чи на сце­на­рио од тур­ска се­ри­ја. Мо­же­би ток­му фа­ктот што во мо­мен­тов, но и во ми­на­ти­те не­кол­ку го­ди­ни, тие има­ат нај­го­лем реј­тинг т.е. гле­да­ност кај ау­ди­то­ри­у­мот, што на СДСМ му не­до­сти­га 10 го­ди­ни по ред, бе­ше и ди­ре­ктен пот­тик гур­ма­ни­те од куј­на­та на Би­ха­ќка да им по­ну­дат на гра­ѓа­ни­те си­же што мно­гу по­тсе­ту­ва ток­му на тур­ска се­ри­ја? Емо­тив­ни­те шпан­ски са­пу­ни­ци има­ат пре­мал­ку спле­тки и пер­и­пе­тии за да од­го­во­рат на ва­кви­те не­бу­лоз­ни дејс­тву­ва­ња на пар­ти­ја­та, но нај­го­ле­ма преч­ка е го­ле­ма­та пред­вид­ли­вост на по­те­зи­те на ли­ко­ви­те. Во ин­ди­ски­те, пак, има до­вол­но спле­тки, но прем­но­гу па­три­о­ти­зам и се­меј­ни вред­но­сти за да од­го­во­рат на вку­сот на пар­ти­ја­та, а нај­ло­шо од сѐ – дејс­тво­то е пре­бав­но, па ќе тре­ба мно­гу да ра­бо­тат за да се вра­тат на власт. Тур­ски­те, очиг­лед­но, им лег­наа нај­до­бро, осо­бе­но ди­на­ми­ка­та, бал­кан­ски­от мен­та­ли­тет во нив и не­воз­мож­но­ста за пред­ви­ду­ва­ње на не­про­мис­ле­ни­те, сти­хиј­ни по­те­зи. Проб­ле­мот е што, со­од­вет­но на сце­на­ри­о­то, ли­кот на Ве­ли­ченс­тве­ни­от нај­до­бро би го оди­грал еден екс­ли­дер,кој, пак, и не е тол­ку екс… Бе­ља­та не е са­мо во не­го­ва­та бра­да, би мо­жел да ја пу­шти и не­го­ви­от пре­сто­ло­нас­лед­ник, но та­ка би ри­зи­ку­вал да го ис­пра­тат на „Евро­сонг“. Дру­ги­от проб­лем е што во слу­ча­ја на ка­стинг – спо­ред ли­ко­ви­те од ра­ко­водс­тво­то, кои во мо­мен­тов сто­јат на рас­по­ла­га­ње за рол­ји­те од мно­гу­те тур­ски се­рии, со­од­вет­на на сце­на­ри­о­то на тек­сто­пис­ци­те од куј­на­та на Би­ха­ќка би би­ла са­мо тур­ска­та вер­зи­ја на „Очај­ни до­ма­ќин­ки“, ко­ја би се пре­и­ме­ну­ва­ла во „Очај­ни по­ли­ти­ча­ри“…

 

(Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 90. број на неделникот „Република“, 23.05.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top