| четврток, 6 декември 2018 |

Села најавува бунт во ДПА

sela zijadin
Струшкиот градоначалник Зијадин Села не се откажува од идејата да го тргне од лидерската позиција првиот човек на ДПА Мендух Тачи. Тој во интервју за телевизијата Алсат-М најави дека по изборниот пораз на ДПА и желбата на Тачи по секоја цена да влезе во влада станува јасно дека нема политички субјект кој е подготвен да ги брани правата на Албанците.

Своето и политичкото дејствување на неговите приврзаници Села го нарекува движење кое треба да доведе до промени во ДПА и уште еднаш нагласи дека не планира да прави нова партија. Вчера никој во ДПА не сакаше да ги коментира позициите на до неодамна висок партиски функционер, кој беше исклучен од партијата.

– Движењето што го организираме во Струга усвои неколку заклучоци. Дека не го признаваме легитимитетот на Мендух Тачи, дека се прекинува секаква комуникација со лидерот на ДПА и централното раководство и ги повикуваме сите ограноци да и се приклучат на оваа иницијатива. Ова движење значи дека ако утре има избори ние нема да бидеме пасивни, туку како граѓанска иницијатива ќе имаме свои кандидати и ќе конкурираме на политичката сцена – соопшти Села и ги повика сите членови на ДПА, но и оние кои се исклучени поради нетолерантноста на раководството да се охрабрат и да ја поддржат идејата за промени во функционирањето на ДПА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top