Босански Срби од село во близина на Добој, во Република Српска, добиле помош од радикални исламисти од Зеничко-Добојскиот кантон и тоа е регистрирано на снимка што деновиве се лиферува на „Јутјуб“, соопшти српскиот сајт „Вести онлајн“.
Со овој гест членовите на вахабиската заедница, кои најчесто се спомернуваат по лошо, ги изненадаја и трогнаа Србите од селото, чијшто имот беше речиси целосно уништен од поплавите, пренесува бугарската агенција БТА.
– Имам две болни деца, а останав без ништо. Досега никој не нè посети, вие сте првите што дојдоа и ни донесоа помош. Многу ви благодарам. Бог да ве поживее – изјави локалната жителка Милена Милошиќ.
– Откако се случи потопот постојано се молам Алах да ви ги олесни маките, а сега дојдовме да ви помогнеме колку што можеме – одговарија исламистите.
Десет вахабисти со минибус донесоа пакети со храна, вода и лекарства за петте српски семејства од селото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)