| четврток, 6 декември 2018 |

Лина Ѓорческа се пласираше во полуфиналето на турнир во Сус, Тунис

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа која е трет носител на на фјучрс турнирот во Сус, Тунис, се пласираше во полуфиналето. Таа во четвртфиналето ја совлада седмата носителка Шпанката Олга Парес со 2-0 (6-3, 6-2) во сетови. Противничка во полуфиналето на Ѓорчевска ќе биде победникот од мечот меѓу Шпанката Нириа Паризас-Диас и Британката Џезмеј Дру.
Ѓорческа попладнево ја очекува и полуфиналниот меч во игра на двојки заедно со својата партнерка Пренковиќ ќе игра против францускиот тандем Мина/Бруло за пласман во финалето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top