| четврток, 6 декември 2018 |

Гаражна продажба во Аеродром

aerodrom

Во Општина Аеродром утре ќе биде организирана гаражна продажба на која децата од основните училишта и студенти од Универзитетот Американ колеџ Скопје ќе продаваат стари или неупотребувани сопствени предмети.

Гаражната продажба ќе се одржи од 10 до 16 часот зад ТЦ „Бисер“.

Целта на гаражната продажба, која претставува вообичаена практика што потекнува од САД, е да се поттикнат и да се развијат вештини за продажба кај децата и студентите. Освен тоа, 50 отсто од собраните средства ќе се донираат во здружението за заштита и грижа за животни „Анима Мунди“.

Гаражната продажба ја организираат студентите на УАКС во партнерство со Општина Аеродром и „Пакомак“. Се очекува настанот да го поддржат и познати лица од естрадата како Бени Шакири и Тони Зен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top