Во вчерашниот натпревар од финалната серија во македонското кошаркарско првенство меѓу Работнички и МЗТ Скопје во кој тимот од градски парк го изедначи резултатот на 1-1 во серијата, репрезентативното крило Владимир Брчков се повреди при една акција на своите соиграчи под противничкиот кош. Брчков мораше да биде изнесен од теренот со помош на лекарската екипа на 14-кратниот шампион.
Се работи за дислокација на десното рамо кое набрзо е вратено на своето место, и бандажирано со ладни облоги. По денешните лекарски прегледи и снимка на магнетна резонанција ќе се знае должината на неговото отсуство од терените. Во случај на скинати лигаменти на рамото тој ќе отсуствува подолг период.
Загриженоста за повредата на Брчков во таборот на Работнички е голема бидејќи ќе отсуствува до крајот на финалето, но исто така стравува и кошаркарската федерација на нашата земја бидејќи тој треба да биде дел од репрезентативните настапи за нашата земја на квалификациите за европското првенство што се играат во август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


