| четврток, 6 декември 2018 |

Руската служба на Крим уапси членови на „Десен сектор“

Руската Федерална служба за безбедност уапси во Крим диверзанти од украинската радикална група Десен сектор, соопшти прес-центарот на службата.

rusi na krim

Групата планирана „диверзиско-терористички акции во Симферопољ, Јалта и Севастопољ, по што планирала да уништува железнички пруги и далекуводи“.

Федералната истрага покрена обвинение против четворица мажи, кои планирале да активираат експлозиви ноќта пред Денот на победата на 9 мај, во близина на споменици во Симферопољ, а во април тие планирале да ја опожарат градската канцеларија на руската заедница во Крим и локалното претставништво на руската владејачка партија Единствена Русија.

При претреси на станови на осомничените се откриени експлозиви, огнено оружје, муниција, туби со запаллива смеса и друго.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top