Русија повелече поголем дел од војската распоредена на границата со Украина, на што САД инсистираа повеќе недели, соопшти американското Министерство за одбрана. Според американските податоци, во регионот остануваат седум руски баталјони, односно околу 2.000 руски војници.
Претходно, Русија распореди речиси 40.000 војници на границата со Источна Украина, каде што силите за безбедност водат смртоносни борби со проруските сепаратисти. Американскиот министер за одбрана Чак Хејгел го оцени повлекувањето на поголем дел од руските војници од регионот како ветувачко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.