Њујорк ренџерс ќе играат финале за титулата во НХЛ по пауза од цели 20 години, а дотаму ги одведе последната четврта победа од 1-0 против Монтреал канедиенс, остварена ноќеска во „Медисон сквер гарден“. Њујорк ја доби финалната серија во Источната конференција со 4-2 во победи.
Пепелашка од Менхетн, така може да се нарече приказната на Ренџерс сезонава, а има многу причини. Навистина е бајка кога тим што нема капитен ќе игра во финалето во најсилната хокеарска лига на светот. Кога победоносниот гол ќе го даде човек како Доминик Мур, хокеар што ја згуби сопругата пред две години и воопшто и не играше цела ланска сезона. Кога во авантура ќе тргнете со нов тренер, и во март непосредно пред плејофот ќе го размените капитенот Рајан Калахан.
За среќа на Њујорк во тимот одлично се вклопи Мартин Сент Луис, во големото јаболко пристигна и Алан Вињо, тренер што знае како се освојуваат трофеи, бидејќи беше на тронот со Ванкувер канукс во 2011 година. И кога имате хокеар со срце како Дерек Степан. Човекот играше со скршеница на јаболкцето во последните два меча со Монтреал.
И хероите на Њујорк заедно со публиката очекуваат да го направат и последниот чекор, да го освојат трофејот во НХЛ, нешто што го немаат направено од 1994 година, кога генерацијата на Марк Месие беше на врвот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)