
Во Неготино денеска граничната полиција прослави 10 годино од формирањето. Тимовите од трите граници секојдневно соработуваат преку размена на информации и заеднички вежби и патрола без никаков проблем, освен со Југ, каде Македонија се граничи со Грција, каде нема соработка на никакво ниво.
За 10 година, македонската гранична полиција евидентирала 132 милиони легални минувања преку граничните премини на Македонија, со тренд на континуирано зголемување на бројот на остварен влез и излез на годишно ниво. Притоа, во посочениот период на близу 35.000 странски државјани не им е дозволен влез во Македонија, додека пак откриени се и спречени над 17.000 обиди за илегално минување на државната граница.
Само во текот на минатата 2013 година откриени се 1.132 илегални мигранти, а истовремено од страна на граничната полиција откриени се 115 кривични дела од разни области, a притоа, меѓудругото, запленети се и околу 250 килограми марихуана, над девет килограми хероин, околу 30.000 кутии разни марки цигари над 5.000 парчиња шверцувана конфекциска стока, како и значителна сума девизи, евра и франци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


