За историјата на оваа црква не постојат пишани податоци. Денеска не е утврдено дали оваа манастирска црква е подигната на култно место. Иако за црквата не постојат никакви сигурни историски факти, нејзиниот живот може да се следи од крајот на XIII и почетокот на XIV век. Во одреден период, настанува прекин на манастирскиот живот и запуштање на самата црква (XVII – XIX век). Во XIX век се доѕидуваат четирите странични сводови и се подигаат анексите на северната, западната и јужната страна, кои денес се елиминирани.
Црквата е со правоаголна основа , со впишан крст во внатрешен простор , тристрана апсида на источната страна и октогонална купола што се потпира врз четири правилни столпци со помош на пандантиф. Градена од делкан камен во долниот дел со наизменични хоризонтални и вертикални делови на делкан бигор и тула во горниот дел. На апсидата, источната страна и куполата има керамопластично украсување на изгледот на фасадите.
Денес во Канео е зачуван добар дел од првобитните фрески иако се извршени некои модификации во тој поглед, меѓутоа сè до денес го има задржано првобитниот шарм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.