| четврток, 6 декември 2018 |

РАИ сними филм за легендарната новинарка Оријана Фалачи

orijana-falachi

Италијанската РАИ неделева ги прикажа двете епизоди од телевизискиот филм за новинарката Оријана Фалачи, една од најпознатите и најконтроверзни личности на „седмата сила“’ од минатиот век. Во филмот со наслов „ Оријана“, новинарката по чии интервјуа копнееја најславните политичари и уметници потсетуваше на нејзиното новинарско гесло дека е подобро да се бориш отколку да победиш.

Меѓу тие што беа соговорници на нејзините интервјуа, објавувани во печатот низ целиот свет се и Фидел Кастро, Хаиле Селасије, Хомеини, Индира Ганди, Хенри Кисинџер… Во војната во Виетнам таа направи серија интервјуа со американски војници и ги објави во книга која, според многумина, го покрена американското јавно мислење против воената интервенција во Виетнам.

Бура предизвика и нејзината серија текстови против исламизацијата на Иран по доаѓањето на ајатолахот Хомеини на власт. Исламистите ги налути и по 11 септември 2001 година кога, во последните години од животот се обиде да ги објасни причините за појава на радикалниот џихад.

Оријана Фалачи и самата беше личност посакувана за интервју. На прашање на колегите од римската република, дали чувствува некаква трема или возбуда кога се среќава и разговара со највлијателните личности во светот, таа одговори дека има свој рецепт против тоа. Фалачи рече дека и големите државници и генерали пред да се поздрави со нив ги замислува како „обичночовечки“ се напнуваат кога се седнати на тоалетната школка, а со тоа кај неа митот се престорува во обично човечко суштество.

Оријана Фалачи е родена во Фиренца во 1929 година, а почина во 2006 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top