Народната банка и во периодот 2015-2017 година останува на основните стратегиски цели – одржување ниска и стабилна инфлација преку стратегијата на
одржување стабилен курс на денарот во однос на еврото, како и обезбедување финансиска стабилност како составен елемент на макроекономската стабилност и предуслов за остварување економски раст и просперитет.
Ова го предвидува Стратегискиот план на НБРМ што го усвои на денешната седница Советот на Народната банка.
Како што наведуваат во соопштението, стратегискиот план за наредните три години претставува продолжение на претходно утврдените стратегиски цели во областа на утврдувањето и спроведувањето на монетарната политика и поддршката на финансиските пазари, управувањето со девизните резерви, одржувањето на финансиската стабилност, издавањето и управувањето со книжните и кованите пари, платните системи, статистиката, истражувањата и внатрешната ревизија. Воедно, Народната банка и натаму ќе го развива корпоративното управување и ќе го продлабочува системот на вредности. Во таа смисла, посочуваат од НБРМ, ќе продолжи процесот на создавање современ и компетентен човечки капитал, воспоставување на најновите технолошки иновации во деловните процеси и на развивање на соработката со домашните и странските институции.
Советот, на денешната седница, ја усвои и Одлуката за начинот и постапката на известување за трансакции со нерезиденти. Со оваа одлука се овозможува за дел од субјектите, кои имаат обврска за известување за трансакции со нерезиденти, и тоа осигурителните компании, инвестициските фондови, пензиските фондови, да известуваат нивните регулатори. Со Одлуката, покрај тоа што се очекува намалување на товарот врз наведените деловни субјекти, се очекува и добивање податоци со подобар опфат и квалитет, затоа што ќе се известува и за состојбата на хартиите од вредност што ги поседуваат нерезидентите, наместо досегашната практика да се известува само за извршените трансакции.
На денешната седница, Советот ја донесе и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за начинот и условите за отворање и водење на сметки на нерезиденти. Со Одлуката за изменување и дополнување се овозможува уплата на ефективни странски пари во банка од страна на лицето овластено за уплата, без притоа пријавувањето при влез во Република Македонија да го извршил тој лично. Исто така, се овозможува и уплата на домашни и странски ефективни пари, без приложување писмена потврда, доколку парите потекнуваат од продажба на производи на патници во авиони.
Советот, на денешната седница, ја донесе и Програмата за истражувачката активност во периодот 2015-2017 година. Истражувањата предвидени за тригодишниот период треба да му дадат поддршка на процесот на одлучување, да придонесат за поуспешно функционирање на Народната банка и за соочување со идните предизвици. Воедно, предвидените истражувања и анализи треба да придонесат кон натамошно осовременување на
работењето на Народната банка и подготовка за идното учество во Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Основната каматна стапка 2,75 проценти, НБРМ ја намали за 0,25 проценти
-
Ангеловска Бежоска: Ќе продолжиме со градење на силен институционален капацитет на Централната банка
-
Во „Јавна соба“ ќе се одржи курс за дизајн на амбалажа на производ и промоција
-
Драги: Прерано е да се прогласи победа за ниската инфлација