| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжената рака на СДСМ со поддршка за Вранишковски

И покрај тоа што за Јован Вранишковски постои судска одлука во која јасно е наведено зошто е осуден на издржување казна затвор, Хелсиншкиот комитет пишува дека тој е првиот политички затвореник во Македонија по нејзиното осамостојување. Ова не е првпат Хелсиншкиот комитет да реагира на некои одлуки од судската или извршната власт, и најчесто нивните реакции се идентични со оние на опозицијата, пишува „Денешен весник“.

хелсиншки комитет

Комитетот нотира дека во текот на 2013 година, Вранишковски, заедно со уште 18 други лица (меѓу кои неговата мајка, сестра и вујко, свештени лица, следбеници и поддржувачи на нерегистрираната Православна Охридска Архиепископија) беа обвинети за наводно перење на пари преку здружение на граѓани кое планирало да изгради објект за средби помеѓу верниците.

Полициската акција за апсење на обвинетите беше наречена „Расколник“, што за Хелсиншкиот е еднакво на предрасуда и претставува директна повреда на принципот на пресумпција на невиност на обвинетите. Со неправосилна пресуда на Кривичниот суд во Скопје, Вранишковски беше осуден на тригодишна затворска казна, а сите останати обвинети на двегодишна затворски казни која нема да се изврши доколку лицата во рок од пет години не сторат ново кривично дело, се вели во соопштението на Хелсиншкиот комитет.

Ова не е првпат Хелсиншкиот комитет да реагира на некои одлуки од судската или извршната власт и најчесто нивните реакции се идентични со оние на опозицијата.

Реакцијата на Хелсиншкиот комитет беше речиси идентична со она на опозицијата и за време на изборите, па така обвинуваната од ова организација беа дека до Хелсиншкиот комитет пристигнале поплаки за лесното отстранување на мастилото како средство за обележување и проверка на гласачите.

Во наводното лесно бришење на мастилото, нерагуларност видоа речиси сите проопизициски медиуми и невладини организации, при што наидоа на подсмев од страна на народот.

Слично како и опозицијата тие обвинија дека во текот на изборниот процес имало издавање на лични карти со непостоечки адреси на живеење или со иста адреса на повеќе граѓани, а било забележано и гласање во име на починати лица.

Инаку Кривичниот суд му пресуди 3 години затвор на Јован Вранипковски и условна осуда за останатите 18 обвинети за перење пари и помагање – сите следбеници, роднини и пријатели на Вранишковски.

По се изгледа Хелсиншкиот комитет ја користи секоја можна прилика за да ја обвини власта и државните институции дека се недемократски и ги загрозуваат правата на народот.

Па така Хелсиншкиот комитет наместо организација која се грижи за правата на граѓаните станува се повеќе само продолжена рака на опозициската СДСМ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top