Ивао Карловиќ игра одлично на Ролан Гарос, а си го користи стариот добар рецепт, со повеќе од 20 аса на меч ги декласира противниците.
Еден од највисоките тенисери на денешницата со 208 сантиметри, мина две кола и против двајцата ривали Димитров и Хајдер Маурер имаше повеќе од 20 директни поени од сервис.
На стартот 35-годишниот ветеран со 3-0 го преслуша надежниот бугарски тенисер Григор Димитров, а мечот го заврши со 22 аса. Бомбите од сервис на Карловиќ беа недостижни за Димитров, а денеска во меч од втората рунда и за Австриецот Андреас Хајдер- Маурер. Ни тој не најде противигра за асовите на Карло, па загуби со 0-3, а дури 24 пати немоќно само ги проследуваше асовите од прв сервис на противникот од Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


