Фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ вечерва ќе ја додели наградата „Прозарт” за оваа 2014 година на хрватската писателка Даша Дрндиќ.
Доделувањето ќе се случи во книжарница „Икона“ во Скопје во „Сити мол“.
Наградата “Прозарт” фестивалот ја доделува на истакнат автор од Балканот за авторски придонес кон развојот на книжевноста од Балканот.
Наградата ќе ја додели уметничкиот директор на “ПРО-ЗА Балкан“, проф. д-р Александар Прокопиев.
На затворањето ќе бидат присутни сите гости на фестивалот “ПРО-ЗА Балкан“.
Членови на одборот за доделување на наградата “Прозарт” се Владислав Бајац, Александар Прокопиев, Елизабета Шелева, Ермис Лафазановски и Дејан Трајкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Лејла Каламујиќ со три настапи на Про-за Балкан
-
Вечерва почнува 6. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“
-
Уредничка од легендарниот „Зуркамп“ и основачот на „Далки архив прес“ – гости на „ПРО-ЗА Балкан“
-
Добитникот на наградата „Прозарт“, Јерговиќ: Светот ќе го спасат Македонецот што го чита Кадаре и Албанецот што го чита Урошевиќ!