Босанската писателка Лејла Каламујиќ, која во мај е на резиденцијален престој во Скопје во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“, ќе настапи на шестото издание на фестивалот „Про-за Балкан“.
Каламујиќ настапи на првата фестивалска вечер на која беа претставени и другите учесници на фестивалот (Роберт Перишиќ, Фросина Пармаковска, Ајфер Тунч и Јуриј Худолин), на тркалезната маса „Балканските класици во европската литература: (не)визибилност во XXI век“, а ќе чита извадоци од своето дело на затворањето на фестивалот.
Лејла Каламујиќ е наградувана авторка од Босна и Херцеговина. Родена е во Сараево во 1980 година. Завршила филозофија и социологија на Филозофскиот факултет во Сараево. Пишува проза, есеи и критики. Централни теми во нејзиното творештво се сексуалноста, лудилото и смртта.
Проектот „Читајќи го Балканот“ се реализира со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и на европската мрежа за превод и книги „Традуки“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вечерва почнува 6. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“
-
Уредничка од легендарниот „Зуркамп“ и основачот на „Далки архив прес“ – гости на „ПРО-ЗА Балкан“
-
Добитникот на наградата „Прозарт“, Јерговиќ: Светот ќе го спасат Македонецот што го чита Кадаре и Албанецот што го чита Урошевиќ!
-
„Про-за Балкан“: Миљенко Јерговиќ вечерва ќе ја прими наградата „Прозарт“