Во последната деценија екстремистичкиот ислам беше она, со кое политиката на Западот мораше да се справи, со повеќето сериозно. Можно ли е сега токму крајниот национализам да го заземе тоа место на политичката карта?, пишува „Медиа.мк“.
По се изгледа дека е така. Во Русија, Европа и Азија националистичките движења добиваат се поголема популарност. Во преродба се постари од децении етнички спорови, а прифатени меѓународни граници и институции се подложуваат на сомнение.
Во рамките на европските избори од минатиот викенд антиевропските партии значително ја зголемија поддршката за себе. Особено импресивни се резултатите од изборите во Франција, каде десничарскиот Национален фронт под водство на Марин Ле Пен освои повеќе од една четвртина од гласовите и на тој начин се претстави подобро од владејачката социјалистичка партија.
Но национализмот – верувањето дека сопствениот народ или етничка група е позначаен и затоа треба да биде заштитен, се пројавува и во други земји. Во Грција, Данска и Велика Британија националистичките партии исто така се пртставуваат доста добро. И така ги доведуваат во прашање напорите од последните неколку децении за понатамошно интегрирање на Европа.
“Во многу делови на Европа овие популистички, националистички партии добија силна поддршка, а некои од нив се прилично екстремени”, вели Роберт Хорматс, кој до неодамна беше државен секретар на САД за економија, енергетика и животна средина. “Ова е резултат на високата невработеност , антиглобалистките трендови, емигрантското непријателство и гневот против правилата на ЕУ, кои се чини дека ќе ја загрозат националната независност “.
Во Русија претседателот Владимир Путин ги зајакна националистичките тенденции кога оправда анексија на Крим .
Стратегијата на Путин за Крим има голем број на карактеристики на класичното националистичко движење. Гордоста од етничкото потекло се оживеа, а засилува антипатијата против аутсајдерите. Со сето ова Путин ја стекна популарност во Русија.
И покрај зголемената популарност на националистичките движењ, најочигледна во Европа и Азија, и во САД популистичките тенденции се јасно видливи – особено преку т.н. чај партија. Неговите поддржувачи не се подготвени да плаќаат даноци, бидејќи парите им одат за поправака на бројните грешки на власта. Движењето поддржува огромна контракција на федералните трошоци, а не воведување на нови даноци – идеја која често е на дневен ред во Вашингтон. Навивачите на ова движење повикуваат за ограничување на имиграцијата и слободната трговија.
Новиот национализам е делумно природна реакција на повеќе глобализираната светска економија. Стоките , работните места , технологијата и луѓето се движат се повеќе слободно преку границите. Така е и полесно вината за економските проблеми да се префрла токму на странците.
Во комбинација со економската криза која започна во 2007 година , расте импулсот за наоѓање жртвено јагне . Постојните влади и институции сега често се гледаат како слаби и неспособни да ги штитат интересите на граѓаните . Незадоволството се засилува од овој факт и сé повеќе гласачи следат политичари кои ги штитат од ” странските ” .
Кои се потенцијалните последици од сето ова? Во 1920 и 1930 година трговските бариери , кои требаше да ги штитат економиите го забавија растот . Последователната економска криза ги засили стравувањата и антипатијата . Националистичките политичари ја искористија оваа ситуација , за да се зголеми моќта , а потоа следеа и конфликтите .
Последиците од денешниот национализам можеби нема да се толку тешки , но сепак тие се значајни. Меѓу другото сега ќе биде многу потешко за Европа и САД да го протуркаат планираниот договор за слободна трговија .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европа го освои „Лејвер купот“ (Видео)
-
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија ќе оди напред во ЕУ и во НАТО, но без Заев
-
Студен бран од Сибир ја зафати Европа: Неверојатно ниски температури во Франција, Италија, Полска, тројца починаа од студ (фото)
-
Во Австралија беснее грип поопасен од свинскиот – се шири и кон Европа