Браќата Димитар и Ѓорѓи Миладинови и во повторениот судски процес за случајот „Изгрев“ се осудени на затворски казни.
Во среда во Основниот суд Скопје 1 се одржа рочиште во повторениот судски процес против браќата Миладинови обвинети за малверзации при продажба на струшкиот хотел „Изгрев“. Димитар е осуден на две години затвор, а неговиот брат Ѓорѓи на две и пол години.
Тие се обвинети за перење пари, додека судот ги отфрли обвиненијата за измама, злоупотреба на положбата и фалсификување на исправа за кои беа осудени со првичната пресуда пред четири години.
Во 2010 година браќата беа осудени на шест и пол години затвор, но Апелиција ја укина пресудата и го врати случајот во судница. Причина за укинување на пресудата беа суштински повреди во постапката, односно неподготвеното материјално финансиско вештачење.
Миладинови најавија дека ќе ја обжалат пресудата пред судот во Стразбур.
Заедно со Миладинови, затворски казни добија уште петмина обвинети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Разрешен директорот на затворот во Струга
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија