Обилните врнежи од дожд поплавиле цели населби, а поради врнежите имало прекин во снабдувањето со електрична енергија и нарушен бил воздушниот сообраќај.
Засега нема информации за жртви и настрадани лица.
Германската метеоролошка служба предупредила дека поради врнежите, кои не престануваат, ситуацијата во земјата, главно во источниот дел, можно е значително да се влоши.
Експертите предупредиле дека постои голема опасност од излевање од коритата на сите реки на територијата на Саксонија. Спасувачките служби во источна Германија подготвувата вреќи со песок, кои треба да бидат поставени долж крајбрежјата на реките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.