
Одлуката на пратениците на СДСМ да дадат оставки во Собранието на Република Македонија е одлука која е штетна за целата држава, коментираат експертите.
Eкспертите се согласни дека однесувањето на СДСМ е несериозно и дека истото ќе има влијание не само во рамките на нашата држава, туку и во чекорите кои ги правиме надвор од неа. Велат дека партијата во опозиција неможејќи да дојде на власт, почна да води битка со сите неистомисленици, па и со граѓаните кои не им ја даваат довербата.
Доц. д-р Иванка Додовска во изјава за Курир вели дека во својата дезиорентираност СДСМ не ја знаат ни својата главна цел.
-Дотолку повеќе што лично сум убедена дека во рамките на Социјалдемократскиот сојуз не постои јасна свест за тоа колкава штета ќе и нанесат на нашата држава со константното несериозно политичко однесување. Она што е сигурно е дека денес со писменото поднесување на оставки на местата избрани пратеници во Собранието на Република Македонија конечно признаа дека намерно ја изместувале вистината и дека сакале или не, на крајот мораа да постапат според пропишаните правила во Уставот на Република Македонија и во законите, што сметам дека дополнително ќе ги фрустрира во наредниве денови, при што треба да се очекува нова офанзива на уцени и шпекулации од страната на СДСМ, вели Додовска.
Таа смета дека она што не можат да го постигнат по легитимен и демократски пат, Социјалдемократите веројатно ќе се обидат да го реализираат вон институционално, што би значело продолжување на нивното нерационално и недржавно однесување.
-Со тоа штетата која ќе ја нанесат на државата и која постојано ќе ја зголемуваат ќе има влијание не само во рамките на нашата држава, туку ќе влијае и во рамките на одредувањето на датум за почеток на преговорите со ЕУ и во рамките на следниот Самит на НАТО. Очигледно е дека она што единствено ги интересира Социјалдемократите е освојувањето на голата власт во Република Македонија и пресметка со сите кои изминативе осум години беа на страната на владеачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Дали и колку попатно ќе наштетат и ќе продуцираат вештачки кризи, за нив е комплетно ирелевантно и истото постојано го докажуваат, истакна професорката во изјава за Курир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


