Денес на Јутјуб официјално е промовиран спотот за дуетот на нашиот победник на „Икс-фактор“ Даниел Кајмакоски и неговиот ментор Жељко Јоксимовиќ.
За нумерата „Скопје– Београд“ музиката, аранжманот и продукцијата се на Јоксимовиќ, текстот на Драган Брајевиќ Браја и Фахрудин Пецикоза, а македонскиот препев е на Магдалена Ена Цветковска. Песната е снимена во студиото на Жељко, Минакорд.
Песната настана сосема случајно додека седевме во студио со Даниел, музициравме, по што ни дојде идеја дека би било добро да се направи песна како завршница на сето тоа што се случуваше во „Икс-фактор“. Се работи за лесна песна, која верувам ќе им се допадне на сите – изјави Жељко Јоксимовиќ, на неодамнешната прес-конфернција во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



