| четврток, 6 декември 2018 |

Започнаа вработувањата во германската компанија ОДВ Електрик

 

kompaniiii500Германската компанија“OДВ Електрик“ ги избра кандидатите и ќе ги испрати на едномесечна обука во сопствената фабрика во Украина, пишува Канал 5.

Менаџерите на германскиот инвеститор изминатава недела го скенираа Охрид  и избраа објект за почетна работа.

–  Ќе бидат пратени на обука во веќе изградени фабрики на ОДВ Електрик надвор од РМ . После тоа ќе се вратат тука да ги воведат во процес работните задачи.   Во Охрид се реализира првата фабрика после триесет години уништување на охридското стопанство – вели Александар Николоски пратеник на  ВМРО ДПМНЕ од Охрид.

Општината инфраструктурно ја уредува индустриската зона каде ќе се гради германската фабрика која ќе вработи илјада луѓе.

На крајот на месец август  германската компанија ќе започне со производство на   електрични инсталации за најпознатите автомобилски брендови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top