Соросовите платеници брутално почнаа да ги трошат парите на граѓаните на Република Македонија преку Министерството за култура, истакна на денешната прес-конференција Владимир Атанасов од ВМРО-ДПМНЕ.
-Министерството за анти-култура и Роберт Алаѓозовски продолжуваат со вработување на партиски кадри на сите нивоа во министерството. Според информациите кои излегоа во јавноста најнов случај е вработувањето на Нора Шаќири како дел од тимот на Алаѓозовски. Ова вработување, како и сите останати е спроведено без конкурс, без јасни критериуми за работата, без дефинирана позиција надвор од сите норми и стандарди без запазена процедура. Плукањето по сите проекти во културата на кои работеше владата на ВМРО-ДПМНЕ, особено „Скопје 2014“ им се исплатеше на дел од платениците кои први влегоа во министерскиот кабинет, потенцираше Атанасов.
-Вработувањето на сите овие ликови во Министерството за култура е само еден од многуте претходни случаи на масовни вработувања, не по клуч на професионалност, туку по клуч на пријателства, непотизам и политички интерес. Покрај директорски позиции недолго по преземањето на власта, СДС под државна капа ги стави и други партиски членови, активисти на Сорос, твитерџии и комедијанти кои причинија огромна материјална штета на културните објекти низ Скопје, изјави Атанасов.
Тој истакна дека Зоран Бојаровски, Бојан Маричиќ, Дане Талески, Марјан Забрчанец, Бранимир Јовановиќ, Дарко Лешоски, Влатко Васиљ и многу други се дел од долгата листа на ново вработени по државните институции.
-Ваквите вработувања мора да престанат. Граѓаните умеат да ги препознаат овие штетни политики и затоа казната ќе стигне на 15-ти октомври, заврши Атанасов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.