
СДСМ демантира дека имало инциденти во Општинската организација во Ѓорче Петров. Велат дека вчера не е одржан состанок во ОО СДСМ Ѓорче Петров.
Во ОО СДСМ Ѓорче Петров, никогаш немало состанок, a на кој имало жестоки караници помеѓу членството, дали да останел Претседателот Заев или пак да се врател поранешниот Претседател Бранко Црвенковски. Во ОО СДСМ Ѓорче Петров, никогаш немало состанок, на кој кандидатот за пратеник Љубица Буралиева барала од раководството на ОО да и се вратат некакви пари – тврдат од СДСМ.
Реакцијата доаѓа по објавувањето на информацијата дека голем инцидент настанал во СДСМ Ѓорче Петров за време на партиски состанок.
Беше посочено дела жестоки караници имало меѓу членството на најголемата опозициска партија во оваа скопска населба, кое според извори на Нетпрес во СДСМ, половина барало оваа општинска организација да завземе став на кормилото да се врати Бранко Црвенковски, додека останатите не отстапувале и упорно стоеле зад ставот дека Зоран Заев мора да остане прв човек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


