| четврток, 6 декември 2018 |

Шок за сестрите Вилијамс, испаднаа во ист ден на Ролан Гарос

Вистински потрес на Ролан Гарос предизвикаа поразите на легендарните сестри Вилијамс, Серена и Венус, и тоа во ист ден, против релативно неафирмираните противнички Мугуруза и Шмидлова.

Двете заедно имаат една титула на ВТА турнирите, таа на Мугуруза во Хобарт годинава, но тоа не им пречеше на талентираните тенисерки од Шпанија, односно од Словачка да направат сензации и да ги елиминираат сестрите Вилијамс. Досега, само еднаш се случило Серена и Венус да испаднат заедно во ист ден.

Сензациите ги најави 19-годишната Ана Каролина Шмидлова со победа од 2-6, 6-3, 6-4 против Венус Вилијамс, тенисерка што има два трофеи од Париз, на Ролан Гарос и вкупно 7 гранслем титули.

Интересна приказна е врзана за Гарбине Мугуруза, девојка што е родена во Каракас, Венецуела, но се пресели во Шпанија и игра за оваа земја. Таа има само 20 години, а многу искусно ја надмудри бранителката на трофејот Серена Вилијамс и со убедливи 6-2, 6-2, и ја одзеде круната на шампионката. За споредба Мугуруза има само една ВТА титула, а Американката собра колекција од 60 трофеи, 17 од нив на гранслемк турнирите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top