На интернет се појави страница која на корисниците им овозможува виртуелно палење на знамиња. Станува збор за интернет страницата „Flag Burning World“, а која е причината за постоењето не е позната.
До сега се „запалени“ околу 50 милиони знамиња. Кога ќе одберете знаме кое не го сакате, само кликнете на него и тоа ќе се запали.
Иако бројот на палење непрекинато се менува, до сега најзапалувано знаме е на Азербејџан (655 илјади), додека најмалку „несакано“ е она на островската држава во Карипското Море „Свети Винсент и Гренадини“ (72 илјади палења).
А најзапалувано знаме во текот на вчерашниот ден припадна на Србија со 102 илјади палења, додека знамето на Босна и Херцеговина гореше повеќе од 105 илјади пати, Црна Гора 77 илјади, Македонија 78 илјади, Словенија преку 100.000, а знамето на Хрватска корисниците го запалиле 81.000 пати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


