| четврток, 6 декември 2018 |

Гостиварец отишол на излет, па се ранил во нога

Триесет и едногодишен жител на гостиварското село Сенокосе бил пренесен во болница со рана на потколеница која ја здобил од куршум.

provala pistol

Според првичните информации на СВР Тетово најверојатно станува збор за самоповредување.

Од СВР Тетово посочуваат дека С.Ј. со уште неколкумина другари, заминале во близина на селото Неготино-Полошко за да се разонодуваат. Во еден момент С.Ј. извадил пиштол, сопственост на неговиот татко и се обидел да стрела кон шише кое го поставиле како мета. Еден од испуканите куршуми завршил во левата потколеница. Повредениот бил пренесен во гостиварската општа болница, а потоа испратен во Клиничката болница Тетово.

Екипа на СВР Тетово извршила увид на местото и работи на расветлување на околностите кои довеле до ранувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top