| четврток, 6 декември 2018 |

Амди Бајрам: Не сум веќе Кока-кола, сега сум Пелистерка

amdi4

Амди Бајрам беше гостин во вестите на Канал 5. Со новинарот Горан Момировски зборуваше за големата свадба на внукот Амди Бајрам Јуниор. Раскажува како тргнале, како ја зеле снаата, како на плоштад Македонија ги собрал луѓето и по негово сценарио отишле пред споменикот на Александар Македонски да се поклонат, да заиграат…

-Игравме затоа што Александар Македонски кога доаѓал од Индија, копјата, оружјето му ги правеле ковачите, а тие се Роми, што значи дека Ромите се староседелци – вели тој.

Од петок се слави во Шутка, ќе дојдат 20 автобуси. 10.000 плескавици, сендвичи, сокчиња, се ќе биде Пелистерка.

-Кока-кола два литри сок ми нема поклонето. Пелистерка е спонзор на се. Веќе не сум Кока-кола, сега сум Пелистерка и тоа Газоза Пелистерка – додава Амди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top