| четврток, 6 декември 2018 |

Мини торнадо го погоди Ваљево, невреме во Шабац

 ваљ
Силно невреме со појава на ситен град, околу 15.30 часот, го зафати Ваљево и поедини села. Невреме имало и во Шабац.Дејствуваа стрелците на Противградниот центар и исфрлија околу стотина ракети.За сега нема информации за штетите од град. Меѓутоа, вистински мини торнадо ги зафати Ваљевските села Котесица и Гола Глава. Јак олуен ветар оштетил неколку покриви на куќи.

Во Ваљево после разбивањето на облаците, градските улици биле поплавени, а на некои од нив, сообраќајот бил во застој. Колубара и нејзините притоки засега не се заканува од излевање

Нешто после 16 часот јак ветар пропратен со дожд срушил топола кај железничкиот мост во Шабац. Дрвото  оштетило дел од кровот на капелата Света Петка, а поголема штета спречила бетонската конструкција, јавуваат српски медиуми.

Разбиени се гредите, плочки и е оштетен дел од оградата. Работниците на градско зеленило брзо реагирале, го исекле и  поместиле дрвото. Ветерот оштетил и неколку млади садници во центарот на градот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top