СДСМ денеска попладнево донесе одлука – утре нивните пратеници и официјално да поднесат оставки во Собранието, дознава Алфа од извори во партијата. Според нивните неофицијални информации, на попладневната средба во седиштето на партијата на која биле присутни пратениците, лидерот Зоран Заев, како и лидерот на ЛДП, Андреј Жерновски и претседателот на НСДП, Тито Петковски, се развила жестока кавга. Лидерот на НСДП, Петковски бил за тоа да се поднесат оставки, а Жерновски главно молчел. Голем дел од новоизбраните пратеници се двоумеле и сметале дека потегот што се бара е премногу избрзан. Тие барале пред да се донесе конечната одлука да се свика седница на Централниот одбор, за да се добие потврда од базата. Воедно, тие се спротиставиле на барањето за оставки, сметајќи дека тоа ќе биде погубно за СДСМ но и штетно за државата. Крај на дискусијата ставил Заев, кој според нашите неофицијални информации, им наредил на пратениците утре околу 13 часот да ги достават своите оставки до Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев на Самитот на земјите членки на Европската иницијатива
-
Заев незадоволен од Хазби Лика, Османи: ДУИ нема намера да менува министри
-
Заев: Горам од желба да ги соопштам деталите за бегството на Груевски
-
Ситуацијата е алармантна и треба да се реагира: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесоа Информација за енормното загадување на воздухот



