| четврток, 6 декември 2018 |

ОБСЕ изгуби контакт со набљудувачи во Доњецк

OSCE500
Специјалната набљудивачка мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа(ОБСЕ) денеска соопшти дека од вчера попладне околу 18.00 часот изгубила контакт со еден од нејзините тимови стацинирани во Доњецк.

– Контактот со членовите на тимот беше прекинат додека тие се наоѓаа во рутинска контрола во источниот дел на Доњецк – се истакнува во соопштението.

ОБСЕ наведува дека досега не успеала да се воспостави контакт со тимот, што го сочинуваат четири члена на Специјалната мабљудувачка мисија.

Организацијата во соопштението истакнува дека и натаму се обидува да воспостави контакт со нејзиниот тим и дека за состојбата е информирана и украинската Влада

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top