| четврток, 6 декември 2018 |

Победнички старт на Ролан Гарос за српското дуо Ивановиќ и Јанковиќ

Успешен старт на Ролан Гарос имаше и српското дуо Ана Ивановиќ и Јелена Јанковиќ. фаворитките од сенка за трофејот во Париз на сосема различен начин се пласираа во втората рунда на престижниот гранслем.

Јанковиќ играше во два дена поради прекин што го предизвика дождот, а мораше и да прави пресврт против Канаѓанката Фишман. Сепак шестата носителка успеа да победи со 2-1 во сетови и во следната рунда ќе игра против Нара од Јапонија.

Ивановиќ кусо се задржа на земјените терени во Париз и за 68 минути ја декласира домашната тенисерка Гарсија со 2-0 во сетови. Во следното коло Ана ќе игра против Свитолина од Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top