Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон повторно е на насловните страници, но овој пат со малку поинаква фотографија. Германскиот таблоид „Билд“ објави фотографија на која ѝ се гледа голиот задник.
Фотографијата е направена минатиот месец, додека кралската двојка беше во официјална посета на Австралија. Тие во моментот се качувале во хеликоптер, поради што се кренал фустанот на Кејт и се видел нејзиниот гол задник.
Фотографот што ја направил оваа фотографија сакал да ја продаде на британските медиуми, но тие го одбиле.
Затоа, ја продал на тој медиум што понудил најмногу пари, односно, во овој случај, германскиот таблоид „Билд“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



