Рускиот претседател Владимир Путин повика денеска за неодложен прекин на воената операција на украинската армија во источниот дел на Украина.
Повикот беше упатен во текот на телефонскиот разговор со италијанскиот премиер Матео Ренци.
Тоа е прва официјална изјава на Путин за ситуацијата во Украина по одржаните претседателски избори.
Во разговорот со Ренци претседателот истакна дека дијалогот меѓу Киев и Москва и претставници на украинските региони ќе помогне на напорите за решавање на кризата во Украина.
Путин и италијанскиот премиер зборувале и за трагичниот инцидент, во кој во Славјанск за време на викендот беа убиени италијанскиот новинар Андреа Рокели и неговиот руски преведувач Андреј Миронов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



