| четврток, 6 декември 2018 |

Најмногу преживуваат фирми од областа на здравството и на финансиите

zavod-statistika

Државниот завод за статистика денеска го објави извештајот за 2012 година за демографијата на претпријатијата во Република Македонија. Според објавените податоци, oд вкупниот број новосоздадени претпријатија во 2011 година, 64,3 отсто преживеале во 2012 година.  Најголема стапка на преживување се забележува кај новосоздадените претпријатија, чијашто главна дејност припаѓа во секторите на дејност „Дејности на здравствена и социјална заштита” (92 отсто) и „Финансиски дејности и дејности  на осигурување” (83,3 отсто).

Бројот на новосоздадени претпријатија во Република Македонија изнесува 8.329, од кои најголем број на новосоздадени претпријатија (2.198) има во секторот „Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли ”, се наведува во извештајот.

Во извештајот, се наведуваат податоци и за згаснатите претпријатија во 2010 година. Нивниот број во Македонија изнесува 9794, од кои најголем број на згаснати претпријатија (2985),  има во секторот “Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли ”.

Податоците за структурата на новосоздадените и згаснатите претпријатија, според правната форма, покажуваат дека најголемо учество имаат претпријатијата кои се категоризираат во групата друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top