Единствениот Македонец кој заиграл во најдобрата кошаркарска лига НБА, Перо Антиќ за сајтот „Еурохупс“ изјави дека сака и следната сезона да настапува за тимот на Атланта.
Антиќ на почетокот на сезоната дојде во НБА лигата од Олимпијакос како прв Македонец во најсилната кошаркарска лига и постигнуваше во просек по 7 поени и 4 скока по меч.
Антиќ најави дека е задоволен од прикажаното во дебитантската сезона и дека ужива во САД.
– Останувам во Атланта бидејќим имам договор на уште една година. Се чувствувам добро во овој тим. И градот е прекрасен и уживам во мојот престој тука – изјави Антиќ.
Перо кој кошаркарската слава ја стекна во КК Работнички играше уште и за Спартак, Академик Софија, Локомотив Кубан, Ц.Звезда и АЕК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.